Воведувањето и функционирањето на Е-парламентите е неминовност која е во функција на зголемување на ефикасноста на парламентарната демократија, изјави Трајко Вељаноски, претседател на Собранието, на отворањето на конференцијата за е-Демократија.

– Фактот дека според истражувањата на јавното мислење токму интернетот, нашата веб страна се пробива во врвот на медиумите преку кои граѓаните добиваат информации за работењето на парламентот тоа зборува дека замислата успешно ја реализираме во рамките на Е-парламент системот“, рече Вељаноски.

„На конференцијата каде информациските технологии се претставени како двигател во развојот на демократското општество, членови од 15 земји имаат можност да се запознаат со проектите што Македонија ги има направено во однос на зголемување на транспратентноста и подобрување на демократијата“, изјави Иво Иваноски, министер за информатичко општество.

Ивановски рече дека приоритет на Министерството за информатичко општество е воведување на нови електронски услуги кои ќе доведат до зголемување на демократскиот процес.

На конференцијата учествуваат 15 земји со 30 делегации од Југоисточна Европа, земји членки на Европската Унија, како и претставници од Парламентите и Владите на Ерменија, Молдавија, Грузија и Нигерија.

Ohridnews