Локалната самоуправа ги започна најавените градежни активности за санирање на градските улици, што се дел од годинешната програма за комунален развој.

Деновиве се завршени градежните работи за крпење на ударните дупки на улиците „ Македонски просветители“ , „ Димитар Влахов“ , „ АСНОМ“ , „ Сирма Војвода“ и „ Карпош Војвода“ , а започнува санирањето на ударните дупки и на улицата „ Јане Сандански“.


Во тек е поставувањето и на бехатон плочки на тротоарите на улиците „ Даме Груев“ и „ Гоце Делчев“.


OhridNews