Со настап на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ и Ликовна изложба, вчеравечер во Трпејца започна овогодинешното издание на Културно – забавното лето „На зајдисонце“. Осми пат во Трпејца ќе ќе се одржат бројни музички и фолклорни настани, ликовни и театарски работилници, работилници за модерен танц, натпревари во ловење риба како и традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески”.

  • Секое доаѓање тука, во овој уникетен предел на брегот на нашето Охридско Езеро, значи едно ново доживување, една нова магија на живописни пејзажи, на кои секојдневно танцуваат необичните нијанси на водата, небото и сонцето. Неповторливиот звук на езерските бранови и свежиот ветар се вистински мир за душата. Секој миг овде во Трпејца е една голема привилегија и можност да почуствувате како изгледа рајот на земјата. Уживањето во природните убавини, кои Ве планат од секоја страна, постојано се надополнува со љубезноста и гостопримливоста на трпејчани, кои се своевиден магнет за гостите. Токму затоа Трпејца е своевиден заштитен бренд на Охридското крајбрежје и од година во година прераснува во место кое е се поинтересно и попримамливо за туристите. Ваквите културни манифестации придонесуваат за збогатување на понудата, која ова прекрасно место им ја нуди на посетителите и значително придонесува за негова поголема промоција. Се надевам дека манифестацијата „На зајдисонце” ќе продолжи да се организира и во иднина и дека ќе привлекува уште поголем број на посетители. –  истакна преставникот од Општина Охрид, Живка Ангелоска.

На свеченото отварање на манифестацијата беше присутен и градоначалникот  на општина Модра од Републиак Чешка, Мирослав Коварик како и голем број гости од политичкиот и јавниот живот од Охрид.

Организатор на манифестацијата „На зајдисонце“ е Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид.

OhridNews