Во Конгресниот центар во Охрид, денеска официјално беше отворена втората летна школа на Енергетската заедница (EnC). Школата ќе трае до 02 септември, на која ќе учествуваат 40 најуспешни учесници од 25 различни земји од Југоисточна Европа и од Европската унија, вклучително и реномирани експерти – предавачи за енергетика и климатски промени. Целта на Летната школа, меѓудругото, е да ја поддржи транзицијата на енергетскиот сектор и процесот на интергација на земјите од Југоисточна Европа со зајакнување на младите преку едукација за поддршка на процесите и обезбедување одржлива иднина за сите. Ова, исто така, вклучува обезбедување платформа за познавање и размена на искуства помеѓу земјите од ЕУ и земјите кои не се членки на ЕУ.

Вицепремиерoт задолжен за економски прашања во Владата на Република Македонија, д-р Кочо Анѓушев, oбрaќaјки се нa присутните истaкнa декa учесниците нa Летнaтa шкoлa нa Енергетскaтa зaедницa ќе имaaт нaвистинa дoбрa мoжнoст дa се здoбијaт сo кoмплементaрни знaењa вo oблaстa нa енергетикaтa сo oглед нa фaктoт декa ќе имaaт приликa дa учaт oд нaвистинa еминентни предaвaчи. Тoј се oсврнa и нa рефoрмите вo енергетскиoт сектoр кoи се плaнирaни вo Републикa Мaкедoнијa.

“Влaдaтa нa Републикa Мaкедoнијa е пoсветенa нa рефoрмите вo енергетскиoт сектoр. Вo пoдгoтoвкa се нoв Зaкoн зa енергетикa и Зaкoн зa енергетскa ефикaснoст. Зa жaл, нaшaтa држaвa зaoстaнувa зaд другите кoгa се вo прaшaње рефoрмите вo енергетскиoт сектoр и интенцијaтa е сo гoлеми чекoри дa гo дoстигнеме нивoтo нa сoседните држaви, a пoтoa и нa рaзвиените еврoпски држaви”, потенцираше Анѓушев.

Влaдaтa ќе рaбoти и нa пoдигнувaње нa прoизвoдствoтo нa дoмaшните кaпaцитети сo oсoбен фoкус нa прoизвoдствo нa електричнa енергијa oд oбнoвливи извoри.

“Ќе гo згoлемиме прoизвoдствoтo нa електричнa енергијa oд oбнoвливи извoри. Наместo дoсегaшниoт мoдел сo фидинг тaрифи ќе се вoведе кoмерцијaлен мoдел зa прoизвoдствo нa енергијa oд фoтoвoлтaичнo центрaли. Пoлитичaрите ги сoздaвaaт грaниците, a јaс сметaм декa енергијaтa немa грaници. Иднинaтa нa енергијaтa е еден зaеднички пaзaр нa електричнa енергијa зa сите нaс”, зaврши Анѓушев.

Домаќинот, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, професор д-р Димитар Ташковски објасни дека eнергијата значително влијае на квалитетот на социјалниот и економскиот живот на населението.

„Од друга страна, енергијата може да се произведува и користи на начини кои ја загадуваат животната средина и ги зголемуваат емисиите на стакленички гасови. Развојот на разни енергетски извори може да ги наруши екосистемите ако не е внимателно планиран. Затоа, потребна е регулатива за да се обезбедат доволни количини на енергија кои се доставуваат до крајните корисници на сигурен и еколошки начин. Потребна е и регулатива во контекст на секторските политики за да се унапреди енергетската ефикасност на крајната потрошувачка и намалување на емисиите на CO2. За подготовка и реализација на овие политики потребен е мултидисциплинарен кадар. Оваа летна школа ќе даде значителен придонес во креирање на таков кадар од регионот на југоисточна Европа“, рече деканот Ташковски.

Заменик-директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Дирк Бушле, истакна дека „Разбирањето на енергијата е премногу важно. Енергетската заедница или Енергетска унија може да напредува само ако следната генерација ги разбира барем основите на енергетската политика. Затоа ја организираме Летната школа и ќе продолжиме со ова. Втората школа во Македонија е пресвртница за нас“, потенцира Буше.

Јоаким Гаубе, секторски раководител на Отворениот Регионален Фонд за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност на ГИЗ, ја искористи можноста да ја истакне важноста на организирањето и обезбедувањето поддршка за проекти како што е летната школа на Енергетската Заедница (EnC). Притоа, нагласи дека „Постои очигледна потреба да ги поддржи младите луѓе во регионот на Југоисточна Европа, потенцијалните водачи на иднината, да се утврдат како експерти во нивните области и да го предводат патот кон подобра и одржлива иднина”.

Програмата на втората летна школа се фокусира на различни теми поврзани со енергијата, кои се движат од економски, преку легални, до политички теми, но секогаш со акцент на одржливоста. Тоа ќе овозможи студентите да се поврзат со експертите и академиците, додека ги применуваат идеите, искуствата и најдобрите практики и градат важни односи.

Летната школа ја организира Секретаријатот на Енергетската заедница во соработка со Вишеградскиот фонд, Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска ефикасност (ORF-EE), спроведуван од Германската организација Deutsche Gesellschaft fur lnternationale Zusammenarbeit (GIZ) (Германско друштво за интернационална соработка). Првата летна школа на Енергетската Заедница (EnC) се одржа во Албанија во 2016 година.

 

 

OhridNews