Во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ од денес до 12 август се одржува лингвистичка работилница насловена „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“.
Работилницата е во рамки на годинешната „Научна и уметничка визита 2023“ што традиционално се одржува во Куќата на Уранија во организација на Македонската академија на науките.
Во рамки на програмата на „Научна и уметничка визита 2023“, Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ на 25 и на 26 август организира Конференција за кинескиот јазик, литература и култура.

Научната и уметничка визита завршува со Охридската школа на природно право што ќе се одржи од 29 август до 2 септември.
OhridNews














