На градскиот плоштад денес започна монтирањето на лизгалиштето на мраз, кое според најавите на локалната самоуправа, ќе претставува дополнителна атракција за новогодишните и божиќните празници.
– Во монтирањето на лизгалиштето вклучени се сите јавни претпријатија. Игралиштето кое е прво од ваков тип се поставува со цел охриѓани, а и гостите кои ги очекуваме за новогодишните празници да се анимираат да го посетат градскиот плоштад. Локалната власт,за сите љубители на овој спорт за време на зимскиот распуст ќе организира бесплатни часови по лизгање а ќе се издаваат и лизгалки за мраз. Лизгалиштето ќе работи секојдневно до крајот на месец јануари, односно до оној момент до кога тоа го дозволуваат временските услови, изјави раководителот на секторот за локален економски развој, Ѓоко Апостолов.
Лизгалиштето, кое ќе се протега на 350 метри квадратни, е отстапено од страна на австриска фирма, како резултат на претходно остварени контакти со локалната самоуправа.
Монтирањето на лизгалиштето се очекува да заврши кон крајот на неделата, по што ќе биде пуштено во употреба.
OhridNews