Со изложба на слики од Наташа Попоска – Карче и настап на саксофонистот Горан Папаз, вчеравечер во Трпејца беше отворено шестото издание на манофестацијата  „На зајдисонце“.

Организаторите во наредните осум дена најавија богати содржини, кои се очекува да бидат посетени од страна на голем број граѓани и туристи.

Во име на општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот, Ангел Јанев.

– Честопати велам дека Охрид го има „Охридско лето“, додека пак Трпејца го има „Трпејчко лето“. Не е лесно да се организира една вакво културно лето. Затоа што вашето лето е многу повеќе од манифестација, ова е семејство, дружење, забава, школа, учење, ова е љубов. Чест и задоволство ми е да ве поздравам од мое име, од името на градоначалникот на Општина Охрид Никола Бакрачески и од името на градскиот совет, рече Јанев.

Вечерта, со својот настап ја збогати охридскиот саксафонист, Горан Папаз, кој изведуваше свои авторски, преработка на домашни и странски хитови.

Денес на програмата е концертот на учениците од ОМУ „Методи Патче“ и презентација на природното богатство што го нуди Националниот парк „Галичица“.