Со свечен час што се одржа претпладнево започна новата академска година на најстарата високо образовна институција од областа на туризмот во Македонија – Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Од име на вработените бруцошите ги поздрави деканот на ФТУ Охрид Цветко Андреески кој им посака успех на идните студенти.

– Оваа година на ФТУ Охрид запишани се 217 студенти на сите седум студиски програми. Редовната настава започнува утре и и’ посакувам успех на новата генерација студенти. – изјави деканот Андреески.


Започна новата академска година на ФТУ Охрид

Од деканатот истакнаа дека факултетот технички е подготвен за почетокот на новата академска година и располага со искусен и високо квалификуван наставен кадар кој е подготвен своите знаења да ги пренесе на студентите.

OhridNews