Со свеченост што се одржа утрово, започна новата академска 2011/ 2012 година на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.


Како што истакна Деканот на ФТУ- Охрид, Проф. Д- р Сашо Коруновски, голема чест, но и одговорност е што и оваа година голем број стдуденти одлучија своето високо образование да го стекнат токму на оваа институција- лидер во високото образование во Македонија.
 
Во услови на голема конкурентност, Факултетот за туризам и угостителство кој лани прослави 40 години постоење и е еден од првите факултети од областа на услужните дејности на балканските простори, постојано расте  и се развива. Затоа вие денес сте тука. Пред вас во наредните години ќе бидат над 50- на професори, асистенти, администратори закитени со највисоки академски титули, кои ќе ви бидат на располагање и ќе ви го пренесат знаењето, им се обрати на студентите  Проф. Д- р Сашо Коруновски.

Проректорот на Универзитетот Свети Климент Охридски, проф. Д- р Пере Аслимовски потенцира дека и понатаму ќе се работи на зајакнување на позицијата на факултетот во новиот образовен простор.


Оваа образовна институција е една од најголемите воопшто, не само според бројот на проофесори и студенти, туку и според резултатите кои ги постигнува. Никнаа повеќе образовни институции од областа на туризмот, но еден е ФТУ со четири децениска традиција и кој создава кадри со препознатлив квалитет, знаење и компетенции кои ќе бидат препознаени и вреднувани не само во Македонија, туку  и на меѓународниот пазар, рече Аслимовски.


Под импресии од вчерашната победа на кошаркарскиот тим на Македонија во Литванија, на самиот почеток на свечениот час присутните со громогласен аплауз ја поздравија победата на кошаркарите, меѓу кои, како што рече деканот Коруновски, двајца се актуелни студенти на факултетот. Тоа се браќата близнаци Војдан и Дамјан Стојаноски

Т. К.