Неколку улици во градот од вечерва се во празнично руво. Светлечки украси се поставени на „Димитар Влахов“ и „Јане Сандански“, а во наредните денови разубавени ќе бидат и другите улици во градот.
Според најавите центарот на градот оваа година концептуално ќе биде украсен поразлично од минатите години. Охрид во минатите години беше прогласуван за една од најубаво украсените туристички дестинации на Балканот, па се очекува тој епитет да го задржи и натаму.
Во тек се и подготовките за организација на дочекот на Новата година. Најавена е поголема соработка помеѓу локалната самоуправа и угостителите, што треба да придонесе за збогатување на туристичката понуда на Охрид за новогодишните празници. Во таа насока се размислува за дополнување на понудата со нови содржини со цел продолжување на престојот на гостите кои Новата година ќе ја минат на охридската ривиера.
Деталите околу најлудата ноќ во Охрид, се очекува да бидат соопштени деновиве.
OhridNews