Во тек е годишната обнова на документација за корисниците на социјална парична помош, која ќе трае до 2-ри декември 2011 година, соопшти Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Охрид.
Оттаму ги известуваат примателите на социјална помош дека за обновување на истата потребно е да ги достават следните документи:
1.Важечка лична карта за државјанин на Република Македонија, дозвола за постојана престој на странец,лична карта за признат бегалец или лична карта за лице под хуманитарна или супсидијарна заштита;
2.Потврда од Агенција за вработување за сите полнолетни лица за утврдување на нивниот статус;
3.Извод од матична книга на родените;
4.Извод од матична книга на венчаните;
5.Извод од матична книга на умрените;
6.Потврда за поседување регистрирано моторно возило(патничко моторно возило,мотор над 50 см3,комбе,автобус,камион);
7.Уверение од Управа за јавни приходи за пријавени или остварени нето приходи;
8.Потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за корисник на пензија остварена во Република Македонија или во странство;
9.Потврда за остварени приходи од плата во Република Македонија или странство;
10.Потврда од Агенција за катастар на недвижности за поседување на недвижен имот на територијата на Република Македонија ;
11.Имотен лист од Агенција за катастар на недвижности;
12.Листа за регистрирани податоци за остварен стаж од Фондот за пензиско и инвалидко осигурување,за невработено лице кое не е во евиденција во Агенција за вработување на Република Македонија;
13.Пресуда за развод на брак;
14.пресуда за определена законска издршка;
15.Потврда за редовен ученик/студент ;
16.Трансакциска сметка .












