Најдобрата македонска ракометна репрезентација јануари месец следната година ќе биде дел од Европското првенство кое ќе се одржи во Хрватска. До почетокот на континенталниот собир остануваат уште точно 30 дена, затоа може да се каже дека одбројувањето започна.

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес ги објави ракометарите на поширокиот список, а после завршување на обврските со Вардар веднаш ќе им се приклучи на репрезентативците.

Македонија во групата на континенталниот собир во Хрватска се наоѓа со Словенија, Црна Гора и Германија.

OhridNews