Во Охрид започна Охридскиот дијалог чиј домаќин е Претседателот на Владата на Реублика Северна Македонија Зоран Заев, а во коорганизација со Алтланскиот совет и Охридската група. Министерот за надворешни работи Никола Димитров имаше воведно обраќање на неформалниот прием со кој се одбележа започнувањето на стратешкиот дијалог  за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот.

На настанот присуствуваат голем број дипломати и претставници од владиниот и невладиниот сектор од Европа и Америка. Меѓу нив на вечерата присуствуваат поранешниот генерален секретар на НАТО – Лорд Џорџ Робертсон и Дејмон Вилсон од Атланскиот совет кој ќе ја води неформалната дискусија.

OhridNews