Љубителите на рекреативниот риболов со блинкер, вчера, повторно имаа можност да ловат рива со блинкер во Охридското Езеро. 
Од концесионерот, “Пастрмка 2012“ информираат дека рекреативните риболовци, во октомври, ќе имаат уште две можности да рибарат со блинкер на 11 и 14 октомври. 
Сите заинтересирани дозволите можат да ги подигнат во канцеларијата на “Пастрмка 2012“, на улица Кеј Маршал Тито, во старата барака на Гранит, секој ден од 8 до 14 часот. 
OhridNews