Од 15-ти јуни во Охрид, започна обуката за нови спасителите на отворени води, која официјално ќе трае до 23-ти овој месец.

Обуката се оддржува со цел да се зголемат капацитетите на Црвениот крст од Охрид во пресрет на новата туристичка сезона.

Нормално во истата се вклучени и спасистелите на вода кои активно и професионално се ангажирани на плажите во текот на минатите сезони, со цел да ги освежат своите знаање и да ги дочекаат предизвиците подготвени како и секоја сезона.“ – велат од општинскиот Црвен крст.

Во текот на вчерашниот ден, се оддржа вториот официјален дел од обуката, односно трет во однос на теоретските и практичните наставни единици.

За време на практичниот дел кој се оддржа на плажта „Гранит“ во 9 часот, беа совладувани техниките на посредно и непосредно спасување на активни и пасивни давеници. Потоа кандидатите имаа можност да го слушаат теоретскиот дел од наставата која се однесува на тактично и техничка подоготвка на спасители на вода. Во 16 часот беа на старото пристаниште и со меѓународен инструктор за нуркање, Милутин Секулоски, ги совладаа техниките на подводно барање давеници.“ – додаваат од општинскиот Црвен крст.

Инаку, обуката за спасителите на отворени води трае 8 денови.

О.Т.