Инспекциските служби на Општина Струга денеска започнаa да ги отстрануваaт педалинките од крајбрежјето, согласно одлуката за забрана за користење на овие реквизити што минатиот месец ја донесе градскиот совет. Новинарските екипи не ги затекнаа комуналните инспектори. Сопствениците на педалинки, пак, беа револтирани од акцијата на општината, за која тврдат дека е противзаконска и ги обвинија градските власти за насилничко однесување.
Сопствениците на педалинки, кои согласно законот се водат како урбана опрема, покренаа иницијатива за оценување на уставноста на одлуката за забрана што ја донесе советот, а поднеле и тужби против одговорните во локалната самоуправа.
Од општината велат дека ќе ја спроведат одлуката до крај и дека освен пераликите од крајбрежјето ќе биде отстранета целата урбана опрема за која сопствениците немаат дпзвола за поставување.
OhridNews











