Партерно се уредува просторот околу мултикултурниот центар во Вевчани. Проектот е финансиран преку Центарот за развој на југозападниот плански регион, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој.

Денес започнавме со градежни работи за партерно уредување на дворот на мултикултурниот центар “Коста Србакоски” Вевчани, информираше градоначалникот Спасе Кочоски на својот фејбук профил.

Во објектот се опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини.

Со овој објект како што претходно беше нагласено се овозможува промоција и развој на туризмот, се отвораат можности за развој на локалните капацитети и подобрување на атрактивноста на самата општината, но и на Струга и Охрид и поширокиот регион.

OhridNews