Охридските нуркачи претпладнево од градското пристаниште ја започнаа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад. Во рамки на акцијата, која заеднички  ја реализираат Сојузот за подводни активности на РМ, Лајонс клубот „Лихнидос“, Лајонс клубот „Десарети“ и Ротари клубот – Охрид, со поддршка на повеќе други организации, ќе биде опфатено крајбрежјето до Сараиште во длабочина до10 метри.


Започна подводното чистење на Охридското Езеро

Акцијата која е дел од проектот „Водата е извор на животот“има за цел да го сврти вниманието на јавноста и пред се на надлежните инстиуции кон проблемот со загадување на Охридското Езеро со цврст отпад, поради што на платото кај плажата Сараиште по завршувањето на акцијата ќе биде изведена културна инсталација со извадениот отпад од водите на езерото.

Ohridnews