Станува збор за проект на министерството за култура, чија реализација почна во мај минатата година кога беше поставен првиот објект кај спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.
Во куќичките ќе се продаваат автентични и препознатливи сувенири – копии на археолошки наоди од Македонија, како и културно- туристички промотивен материјал.
Од страна на министерството за култура предвидено е поставување на вкупно 20 монтажни куќички за продажба на сувенири во поголемите градови во земјава.