Денес во Основниот суд во Прилеп започна повторената судска постапка за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ.
Пред судот сведочеше другарот на Новаковиќ, Горан Периќ, а беа прочитани и претходно дадените искази на сведоците во постапката.
Процесот продолжува на 14-ти декември по што се очекува да биде донесена пресудата.











