Започна пријавувањето на екипи за турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, кој традиционално се организира по повод верскиот празник Св. Петка.

Организаторите најавуваат уште едно спортско дружење со квалитетен мал фудбал, фер-плеј и позитивна атмосфера.

Соберете ја вашата екипа и бидете дел од уште едно незаборавно спортско дружење исполнето со одличен фудбал, фер-плеј и позитивна атмосфера, порачаа организаторите.

Пријавувањето и дополнителните информации се достапни на телефонскиот број 070 364 617 – Димитар

Котизацијата за учество изнесува 4.000 денари, а обезбеден е богат награден фонд. Предвидени се и поединечни признанија за најдобар играч и најдобар голман на турнирот.

Турнирот е поддржан од Општина Охрид, a медиумски партнер е Охридњуз.

OhridNews