Во тек е пријавувањето за учество на 48-то издание на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, што ќе започне на 20 јуни. Како што информираат организаторите, пријавувањето ќе се врши во 18 јуни до 21 часот, а ждребот на групите е на 19 јуни.

Котизацијата за учество на турнирот изнесува 3000 денари по екипа.

По завршување на рокот, нема да се врши пријавување на екипи, соопшти организаторот.

Турнирот „Петровден“ во Мешеишта, е еден од најстарите во регионот и секоја година ги привлекува најдобрите екики во мал фудбал на овие простори.

OhridNews