Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на руралниот развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентацијата на традиционалната храна годинава повторно ќе бидат дел од манифестацијата „ОХРИДСКА СОФРА“, која ќе се одржи во сабота, 2-ри септември, во селото Скребатно.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат дел од активната и непосредна презентација на целокупната понуда во сегментот на алтернативните форми на туризмот може да се пријават во Секторот за туризам и ЛЕР 046 230 175 или на меил адресата [email protected], најдоцна до 29.08.2017 година.

OhridNews