Започна пријавувањето за меморијалниот турнир во мал фудбал во „Лескоец 2013“. Пријавувањето трае до 26 мај, а почетокот на турнирот е в понеделник на 27 мај.

Ждрепката ќе се изврши во 20 часот во Дом на Културата во Лескоец на 26 мај, а износот за учество на турнирот изнесува 3000 денари.

Eкипи кои се заинтересирани за учество на турнирот во Лескоец можат да се пријават на телефоните 070 430 450 (Зоран) и 070 350 910 (Дејан).

Мх.П.