На 23-ти август, во селото Скребатно ќе се одржи втората по ред манифестација „Охридска Софра“, на која граѓаните, гостите и посетителите ќе имаат можност да се запознаат со охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности кои се дел од туристичката понуда на градот.

Посетителите ќе можат да ја проследат и ѓомлезијадата со натпреварувачки карактер, за која е обезбеден и награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина.

Учесниците ќе имаат можност  да ги истакнат и своите готвачки вештини преку подготовка на традиционални охридски јадења на самото место.

Сите заинтересирани кои што сакаат да бидат дел од настанот можат да се пријават во просториите на Секторот за Туризам и ЛЕР или на тел:046/ 230 -175 најдоцна до 13 Август, среда. Бројот на учесници е ограничен.

OhridNews