На градскиот плоштад попладнево започна продажбата на влезниците  за хуманитарниот концерт кој се одржи утре во Центарот за култура “Григор Прличев”, за помош на 15 годишниот Илија кој боледува од леукемија и за чие лекување итно се потребни средства.


Во продажба се пуштени околу 500 влезници, за кои организаторите задоволно коментираат дека брзо се продаваат што е уште еден доказ дека охриѓани имаат хумано срце.

Хуманитарен концерт, кој ќе се одржи под мотото “Сите заедно да му помогнеме на Илија”, утре ќе започне во 19 часот. На него ќе учествуваат голем број музички групи и пеачи. Меѓу нив и групата Некст тајм, Мартин Србиновски, Дарко Илиевски, Денис Мурат, Ѓоко Танески, групата Камелеон, Жармена и многу други.

Хуманитарниот концерт е во организација на општинскиот Црвен крст, СВР- Охрид и музичката група Камелеон.

OhridNews