Експерти на националните паркови и парковите на природата на седум земји од регионот беа во посета на Словенија од 14-20 мај, каде беа запознати со управување на парковите во Европската унија, самиот процес на пристапување на словенечките паркови и спроведување на еколошката мрежа Натура 2000.
Оваа студија – турнеја е дел од проектот WWF на “Паркови на Динарскиот лак” ,која има за цел да се создаде мрежа на природните паркови и националните паркови во областа на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово , Македонија, Словенија и Србија.
Националниот Парк Галичица преку свој претставник надлежен за одржливиот туризам имаше свое учество при реализација на овој дел од проектот.
– Нашиот регион има најдобара биолошката разновидност што постои во Европа, а посетата на Словенските паркови служи како пример на практика за управување на најдобар можен начин -рече Леон Кебе менаџер на проектот”Паркови на Динарскиот лак”
За време на престојот во Словенија експертите за заштита на природата од регионот беа во посета на Шкоцијански заток, Сечовалска солана, Нотранскиот регионален парк со езерото Цркница, Триглав Националниот парк, Козјанскиот парк и парк на природата Горичко.
Исто така посетен беше и Државниот завод за заштита на природа во Словенија каде што присутните при интерактивна презентација имаа можност да ги видат досегашните практики на приближувањето на Словенија кон Европската Унија и понатамошниот процес.
На презентациите учествуваа директорот на Државниот завод за заштита на природа во Словенија ,претставници од Институтот за заштита на природата и Министерството за земјоделство и животната средина.
Примарната тематика како и сегашното водење на процесот за заштита на природата беше имплементација на мрежата НАТУРА 2000.
Проектот ” Паркови на Динарскиот лак ” ќе трае три години, каде што ќе биде извесно и создавањето на мрежа на паркови при што ќе биде овозможена едукација на вработените за зашита на природата, за подобро управување и одржлив туризам. Друга цел на проектот е да се работи на признавање на Динарскиот лак, кој е со светска важност исто како и Алпите или Карпатите. Динарскиот лак би можел да стане синоним за одржлив развој.
WWF е еден од најголемите и најпочитуваните независни меѓународни организации за заштита на природата, со речиси пет милиони поддржувачи и глобална мрежа активна во повеќе од сто земји. Мисија на WWF е да се запре во влошувањето на природната средина на земјата , за изградба на иднина во која луѓето ќе живеат во хармонија со природата, зачувување на глобалниот биодиверзитет и обезбедување на употребата на обновливите природните ресурси .
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com