Екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со реализација на Проектот “Охрид-град на цвеќето 2012 ” со кој е предвидено секоја слободна површина во градот да биде хортикултурно уредена и засадена со актуелно сезонско цвеќе.

Денес, во градскиот парк се засадуваат околу 3.000 садници од видот виола (очиња) , а во текот на наредните денови сезонско цвеќе ќе се засадува и во останатите делови од градот.

OhridNews