Локалната агенција за развој од Струга, започна со реализација на проектот „Немој“, кој има за цел заштита од дискриминацијата врз етничка и религиозна припадност, односно како оваа појава навремено да се открие и сузбие.

Заклучок е дека едукацијата за дискриминацијата треба да се почне од најмладите, во нивните семејства, во основните училишта, велат од Локалната агенција за развој.

Со проектот се опфатени училиштата во Струга, но и околните села. Предвидени се предавања , а ќе се организираат и куклени претстави во кои ќе се обработува темата- препознавање и заштита на дискриминацијата. Деновиве започна и обука на претставници од неколку училишта од Струга и околните села.

Проектот ќе трае до крајот на ноември. Поддржан е од Канцеларијата на високиот комесаријат за човекови права и Програмата за развој на Обединетите нации “Да им помогнеме на заедниците заедно”. Финансиски е подржан од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на милениумските развојни цели.

OhridNews