На последно оддржаната седница на Советот за превенција беше презентиран и започна со реализација проектот “Безбедни училишта – хармонична средина 2012”. Најпрво беше избрана работна група составена од претставници од Општина Охрид и полицијата, СВР- Охрид, од средните училишта и од невладините организации.

Ваков проект до сега е реализиран во Куманово, Велес и Пробиштип. Членовите на работната група во наредниот период треба да ги подготват Стратешките упатства за безбедни училишта, кои ќе бидат доставени до Советот за превенција, а потоа и до Советот на Општина Охрид.

OhridNews