
Во рамки на градежните активности предвидено е замена на стариот тампон со нов, вадење на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина на улицата.
Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година и е вреден 2 000 650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Изведувач на работите е АД „ Илинден “ – Струга.
Поради започнување на градежните активности надлежните служби упатуваат апел до граѓаните за внимателно движење на оваа улица.
OhridNews











