Деновиве на просторот пред   охридската Гимназија на тротоарите од ул. „Димитар Влахов“ засадени се нови садници од дрвото Лигуструм , со што започна реализацијата на проектот на Локалната самоуправа за реконструкција на дрворедите  крај градските улици.


Проектот продолжува со реконструкција на постоечкиот дрворед на улицата „ Димитар Влахов“  каде ќе бидат отстранети 53 садници од Липа, а на нивно место ќе бидат засадени нови 80 садници Лигуструм. По завршување на овој зафат ќе следат и други активнности за целосна  реконструкција на улицата „ Димитар Влахов“.


Реализацијата на проектот за зелена урбанизација на Охрид беше поддржан и на дебатата што се одржа во месец март годинава, на која учествуваа претставници на Локалната самоуправа, јавните претпријатија, експерти и екологисти.

OhridNews