Започнаа активностите за целосна реконструкција на спортската сала во Велгошти, информираат од Агенцијата за млади и спорт.
За таа цел Владата преку Агенцијата за млади и спорт обезбеди 20 милиони денари. Објектот, како што е најавено, ќе биде целосно опремен со високо квалитетна спортска опрема и реквизити и тоа за повеќе спортови фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис, гимнастика, која ќе биде од голема корист на локалното население, децата пред се, а се разбира и клубовите и спортските рекреативци.
Оваа спортска сала ќе им помогне на многу млади таленти, студенти и идни спортски работници тука да го завијат својот талент и своите можности и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт во Република Македонија, велат од Агенцијата за млади и спорт.