Граѓаните и правните субјекти кои поднеле барање за надомест на штета од поплавите во 2010 година, за да ги реализираат побарувањата , треба да ги достават предвидените документи.
Физичките лица треба да достават копија од лична карта, копија од трансакциона сметка и имотен лист за оштетените објекти или парцели.
Правните субјекти треба да достават даночен број, договор за закуп ( за плажите и деловните објекти) и број на жиро сметка.
Потребните документи се доставуваат до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди, секој работен ден од 9 до 12 часот во просториите на Општина Охрид.











