На градскиот плоштад на 11 мај во 14.00 часот започна крводарителската акција која има за цел да активира што повеќе хумани граѓани кои ќе помогнат во рушење на гинисовиот рекорд од 18.000 единици крв за 24 часа. Симултаното дарување крв во 33 земји од Европа е организирано од Меѓународниот црвен крст, а во Охрид од Општинската организација на црвениот крст.
Многу граѓани се одѕваа на повикот за дарување крв
„Започнавме навреме со акцијата и без проблеми“ вели секретарот на Црвен крст – Охрид Антонио Додевски.
„За само 40-тина минути веќе имаме 10 крводарители. Минимумот кој е зададен за Охрид е 40 единици крв, а верувам дека до утре ќе собереме барем двојно повеќе со што активно ќе придонесеме во соборување рекордот од 2004. година.
Ќе направиме мала пауза во вечерните часови кои ќе ги искористиме за малку забава, а со акцијата продолжуваме утре наутро“ додаде тој.
Вчера во 18:10 часот во СВР Охрид лице од Скопје пријавил дека неговиот 32-годишен син со кого престојувал во автокамп во Охрид го напуштил кампот по што, на плажата пронашол дел од неговите алишта...
Австралиско-македонскиот комичар, автор на содржини и водител на подкаст емисија – My Cousin Vlad роден како Саш Мишевски, на 23 септември пристигнува во Охрид со своето актуелно шоу „Total S...
Делегација од Министерството за регионална соработка на Израел којашто е во неколкудневна официјална посета на државава денес оствари средба со градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков На ср...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.