Започнаа активностите за санација на плоштадот кај „Мини маркет“ кој подолг временски период беше неуреден и запуштен.

Се врши темелно чистење на целиот потег, се спроведуваат градежни активности за промена на оштетените гранитни плочки и се врши поправка на фонтаните за вода. Според планираното, во текот на наредните денови ќе се изврши санација на урбаната опрема, а ќе бидат поставени нови клупи за седење и корпи за отпадоци, информираат од Општина Охрид.

Исто така, додаваат во соопштението, ќе биде извршено соодветно хортиклутурно уредување на зелените површини со нови цветни насади и зеленило.

Овие активности се во насока на враќање на првичниот изглед на плоштадот и негово ставање во функција за граѓаните, како место за одмор и релаксација, велат од Општина Охрид.

OhridNews

Се уредуваат краците на улица „Климентов Универзитет“