Градежни работници деновиве започнаа со санирање на одронот кај музејот на Робевци и Лапидариумот, што се случи на шести февруари. Внимателно се отстрануваат камењата и земјиштето кои се одронија од карпата која се наоѓа над овие два објекти.


Според надлежните причина за одронот се обилните врнежи од дожд и снег, но и неконтролираната градба на објекти во стариот дел на градот.   Од охридскиот Завод и Музеј најавија дека ќе биде изготвен нов проект за санација на свлечиштето, а додека биде распишан тендер,  ќе се работи на расчистување на теренот.

Ohridnews
фото: Емилио