И покрај ниските температури некарактеристични за овој период од годината и променливото време, викендов на охридското крајбрежје можеа  да се забележат капачи.

Температурата на водата во Охридското езеро е само 17 степени, но тоа не ги спречи неколкуте млади лица храбро да запливаат во езерските води.

Според прогнозата на синоптичарите, во наредните денови се очекува постепено стабилизирање на времето и покачување на температурата на воздухот. Кон крајот на неделата во Охрид се очекува дневната температура да се искачи и до 28- от степен целзиусов.

OhridNews