Првата операција ја стартуваше Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, кој истакна дека овој систем за паралелно процесуирање изработен од страна на студентите преставува успех на академската заедница на Македонија.
– Особено сме задоволни што овој компјутер е изработен токму тука во овој универзитет, за кој очекуваме да стане елитна образовна установа, чиј рејтинг и углед од година во година постојано расте, истакна Ивановски.
Ректорот на Универзитетот „Свети Апостол Павле“,Благоја Самакоски, истакна дека овој амбициозен проект е реализиран со скромни средства, но има исклучителни перформанси кои во ништо не заостануваат зад моќните машини создадени од високо квалитетните IT компании.
-Ние треба да бидеме подготвени за битка со гигантите околу нас. Таа битка ќе ја добиеме преку образование на нашите млади кадри, споспобни да ги надминат потенцијалите на гигантите. Ова е еден, можеби прв чекор во таа насока, рече Самакоски.
Изработката на охридскиот суперкомпјутер чини не повеќе од 20 илјади евра, а него ќе можат бесплатно да го користат институции и граѓани кои имаат потреба од сложени операции кои не можат да се изведат со обичен компјутер.