Денес на терените на СРЦ “Билјанини Извори“ започна светското првенство во фудбал за македонците од светот.
Настанот ќе трае од 1 до 7 август 2008 година во Охрид со специјална програма за афирмација на Македонија пред дијаспората и зајакнување на врските и контактите на македонската дијаспора со матичната земја.
На претпладневните мечеви селекцијата на Австралија беше поуспешна од САД со 5-1. Селекцијата на Србија ја совлада Словенија со 2-1, додека БиХ беше посупешна од Швајцарија со 4-0.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com