За првпат Република Македонија започнува со субвенционирање на организиран надворешен туристички промет.  Тоа подразбира дека секоја туристичка агенција која ќе донесе странски туристи во земјата ќе има можност да добие субвенција односно да им се рефундираат дел од средствата. Целта на оваа мерка е зголемување на бројот на странски туристи како и зголемување на девизниот прилив од туризам во земјава, информираат од Агенцијата за промоција на туризмот.
   
Висината на субвенцијата е различна во зависност од земјата од која доаѓаат туристите, а ќе се применуваат искуствата од Хрватска. Ќе се субвенционираат чартер летови но и закуп на седишта во директна авионска линија од странство до земјава, а услов е групата да ја сочинуваат минимум 10 туристи кои ќе користат минимум 3 ноќевања со појадок во категоризиран сместувачки објект (хотел или категоризирано приватно сместување) во земјава, објаснуваат од Агенцијата за промоција на туризмот.

Ohridnews