Судењето почнува од почеток, бидејќи Вишото јавно обвинителство побара, а Апелациониот суд прифати првата пресуда од шест ипол години затвор да биде укината поради пропусти и грешки на обвинителниот акт .
На денешното рочиште зборуваше само Димитар Миладинов кој во детали објаснуваше како се работело во семејната фирма која соработувала со МПЦ. Исто така, тој презентираше документи и докази дека кредитите кои биле земани биле вратени, за што банката потпишала документ со кој потврдува дека Миладинови ништо не и должат.
„Може жената да се сомнева мажот дека ја изневерува, но сомневање со финансиски документи и докази не може да има. Судскиот совет да има доблест и да се надмине себеси и праведно да пресуди дека сум невин”, побара Димитар Миладинов.
По неговото сослушување судијата го прекина судскиот процес и соопшти дека ќе продолжи следниот месец, иако беше планирано судење да се одржи и утре.
извор: Makfaks