Со нови содржини пред охридска публика актерите Никола Тодороски, Стрезо Стамaтоски и Филип Кипровски поддржани од Филип Ангеличин-Жура ја започнаа третата сезона на театарската импровизација „Импровокација“.

Популарната „Импровакација“ е прв театарски проект од ваков вид Македонија, во која активно учествува и публиката.

По завршувањето на новата „Импровокација“ актерите – импровокатори беа поздравени со громогласен аплауз. Нова „Импровокација“ тие најавија следниот месец.

OhridNews