Од Центарот за јавно здравје- Охрид информираат дека од денес, започнува вакцинирањето против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се одвива секој работен ден од 8:30-14:30 часот, со вакцина VAXIGRIP од француско потекло. Цената на вакцината е 400 ден.

Станува збор за тритипна вакцина која штити од три типа на вирус на грип меѓу кои и од панедмискиот (свински) грип.

Иако станува збор за незадолжителна вакцина, лекарите препорачуваат задолжително да ја примат ризичните групи од населението, како што се хронично болните, лицата над 60 години, децата со намален имунитет и бремените жени.

OhridNews