Започна втората фаза од акцијата за деминирање на Охридското Езеро
18.03.11 13:53
Дното на Охридското Езеро наредните 35 дена интензивно ќе се расчистува од неексклодирани убојни средства, во рамките на акцијата што ќе ја спроведува екипа за подводно деминирање на Дирекцијата за заштита и спасување. Станува збор за втора фаза од акцијата што почна лани, со финансиска поддршка на американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија.
Како што појасни Лидија Бјелица, раководител на Сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, акцијата ќе се одвива на повеќе локации каде се работеше лани, од каде ќе се извлекува преостанатиот потенцијално опасен материјал. Според работниот план, обучените нуркачи во текот на шест дена ќе ги вадат неексплодираниот материјал од дното на езерото, додека во неделите пронајдените експлозивни средства ќе се уништуваат. Во тек се активности за лоцирање на експлозивните средства, по што деновиве ќе започне нивно извлекување.
Бјелица уште истакна дека во акцијата овојпат ќе се користи специјална опрема за подводно детектирање и извлекување на опасниот материјал.
– Акцијата е предвидено да трае до 20-ти април. Покрај опремата што е донирана минатата година, годинава добивме два подводни детектори и мамут пумпа со што ќе можеме поефикасно да ги лоцираме и извадиме неексплодираните убојни средства.-рече Бјелица.
Акцијата, како што истакна Бјелица, е од исклучителна важност за Охридското Езеро, како светско природно наследство, заштитено од УНЕСКО.
– Овие експлозивни средства се наоѓаат тука речиси сто години, така да им се познати како на охриѓани, така и на пошироката јавност и до сега се нема случено никаков инцидент, што не значи дека тука треба и да останат. -посочи таа.
Во првата фаза од акцијата што започна минатата година, од Охридското Езеро беа извадени 7.3 тони неексплодирани убојни средства, што датираат од периодот на Балканските и двете светски војни. Опасниот материјал беше уништен на воениот полигон „Криволак“.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.