Со натпреварите од Групата А и Б започна втората рунда на меморијалниот турнир во мал фудбал „Лескоец 2013“.

Ликвид забележа убедлива победа од 10-2 над Пупе Компани додека актуелниот првак на турнирот Ремис ремизираше 2-2 со Мото сервис Палик. Рапо на мечот со Христијан I Филип II стигна до првите бодови во групата победувајќи со 4-2.

Резултати :

Ликвид – Пупе Компани 10-2
Ремис  – Мото сервис Палик 2-2
Христијан I Филип II Рапо 2-4

Денес играат :

19:45ч Сам Свој Мајстор – Гобекс  
20:45ч КУД Охриѓанка – Дејан Војвода  
21:45ч Гуја – Башукоски  
22:45ч АСП Пак – Кармен Бау Центар  

Мх.П.