Во спортската сала „ Аминта Трети“ во селото Требеништа, вчеравечер започна второто издание на Фолк фест „Црешнобер“, манифестација која годинава ја организира „Астра дизајн“ од Охрид под покровителство на општина Дебрца. Вториот по ред „ Црешнобер“ за отворен го прогласи градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. 

Бројните присутни имаа можност да ја проследат изложбата на цреши, како и настапот на културно- уметничките друштва од земјава и странство.

 

Целта на одржувањето на дводневната манифестација е да се промовира црешата како заштитен знак и бренд на селото Требеништа.

OhridNews