Со ревијален натпреварот меѓу подмладокот на Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски и Основното училиште Страшо Пинџур против екипата од Основното училиште Братство и Единство започна турнирот во мал фудбал „Вевчани Куп 2016“.


На свеченото отварање на присутните и учесниците на вториот по ред турнир во мал фудбал им се обрати Отец Зоран Попоски.

– На сите учесници им посакувам добар престој во Вевчани и беспоштедна битка за победа, се разбира во духот на спортот. Вевчани треба да се гордее со овој турнир на кој учествуваат најдобрите екипи и играчи од регионов, а гледачи ќе имаат исклучителна можност да уживаат во нивните мајстории. – истакна Отец Зоран Попоски.

Генерален покровител на турнирот и оваа година е Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, со што оваа реномирана здравствена установа уште еднаш покажа висока општествена одговорност и придонес кон развојт на спортот.

-Пред нас се возбудливи турнирски денови кои верувам ќе донесат квалитетни фудбалски натпревари исполнети со натпреварувачки дух, неизвесност и емоции какви што само спортот знае да побуди. На учесниците им посакувам среќа, спортското ривалство на теренот да биде во духот на фер плејот и нека победи најдобриот. – изјави Д-р Небојша Баткоски, сопственик и менаџер на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.


Натпреварувачкиот дел од турнирот го отвори минатогодишниот победник АСП Пак кој со 11-2 го совлада составот на Боровец. Квалитетен и ефикасен натпревар одиграа и екипите Ресторан Бриони – Ала Компани кој заврши 6-3.

Резултати:

АСП Пак – Боровец 11-2

Ресторан Бриони – Коришишта 6-3

Двојки:

19ч: Златни Зраци – Кафе бар Шила

20ч: ФК Октиси – Мистер И

21ч: Кафе Бар 9 – Водка Крузер и пекара Ден и Ноќ

OhridNews