На зимски распуст од денеска се  212 илјади основци и 94 илјади средношколци во Македонија, за кои во петокот заврши првото полугодие на учебната 2010/2011 година.

Меѓу нив се и 9. 000 ученици од основните и средни училишта во општина Охрид.



Распустот ќе трае заклучно со 21 јануари. Во училишните клупи учениците ќе се вратат на 24 јануари (понеделник), кога почнува второто полугодие.

OhridNews