Охрид се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден за борба против СИДА, 1-ви декември, што се одбележува од 1988 година со цел- подигнување на јавната свест за опасностите од оваа болест и превенција од истата.
Попладнево, на градскиот плоштад, во организација на општинскиот Црвен крст, Локалниот совет на млади, НВО Опција и Центарот за јавно здравје, се делеа совети до граѓаните, а заинтересираните имаа можност да извршат и тестирање за вирусот ХИВ/СИДА со примена на брзи рапид тестови. Во рамки на денешните активности се делеше и едукативен материјал.
Активности по повод Светскиот ден за борба против СИДА, ќе се одржуваат и во текот на наредните денови. Предвидени се едукативни предавања во училиштата, како и во високо образовните институции во градот.
OhridNews